БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии.
Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана за индустриско производство, БАТО & ДИВАЈН успешно ги задоволува потребите на пазарот на Југоисточна Европа веќе 20 години, преку интегрираните сегменти за:
- Графички ДИЗАЈН и подготовка [prepress]
- Offset ПЕЧАТЕЊЕ
- БЕЗБЕДНОСЕН печат
- BILLING решенија [изработка на сметки и други персонализирани материјали]
- ДОРАБОТКА [post press]
Постојано водиме грижа сé што создаваме, секогаш да носи дополнителна вредност за нашите клиенти. Оттука, континуираното инвестирање во водечките технологии, примената на технолошки иновации и know-how, надополнети со долгогодишната експертиза во индустријата, овозможуваат:
- Секогаш врвна услуга во согласност со највисоките деловни стандарди
- Реализација на најкомплексните барања од идеја до финален производ
- Конзистентна изработка на разновидно портфолио на висококвалитетни печатени производи
- Градење и одржување на долгорочни, партнерски релации со клиентите базирани на доверба
Бидејќи, веруваме дека нашите клиенти секогаш го заслужуваат единствено најдоброто, во најкус рок и по конкурентна цена. Посветеностa до совршенство во достигнување на недостижнотo за надминување на очекувањата на клиентите – тоа е тајната на нашиот успех.
Избирајќи да бидете уникатни, во оставањето на уникатен впечаток, вашата одлука е потврдена.